Зеленски: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме

677z381_677z381_677z381_zelenski-6629485f96ad0-66307a37d280c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им порача на Украинците денеска, по повод Денот на државноста на Украина, да се борат против „страшниот непријател“, но дека нивната земја нема да се предаде.


„Украина не може да се согласи на ништо помалку од тоа да живее, да се зачува и да преживее. Украина нема да му се потчини на злото, ние мора да го победиме“, изјави Зеленски на својот профил на X.

Според него, оваа битка е борба за независност која ќе ја наследат идните генерации.

Украинскиот претседател додаде дека Украина нема да попушти пред непријателот кој, како што наведе, „пролева крв заради сопствената болна самодоверба, кој ја презира вистината – и човечката и божествената – и омаловажува се освен себе си“, пренесува Танјуг.

„Русија ја гради својата државност токму на ова, но ние сме различни. Ние веќе сме одвоени од овој непријател со нашиот дух. Мораме да го победиме ова зло“, напиша Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK