Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на Мармарис

r-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на брегот на турското летувалиште Мармарис, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Командата на крајбрежната стража.



„Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот“, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми.

Дваесет метри долгиот дрвен брод, кој се користи за еднодневни патувања, од непозната причина се запалил во 16 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK