20-годишниот атентатор на Трамп работел во кујна во дом за стари лица, пушката ја купил татко му

tomas-metju-kruks-i-tramp-800x426.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американските медиуми објавуваат нови детали за 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп. На предизборен митинг во Пенсилванија тој го погоди Трамп во десното уво, уби едно лице од толпата и рани уште две пред да биде убиен од Тајната служба.


Крукс матурирал во 2022 година и работел во кујната на старечки дом в Бетел Парк, место кое е на околу 70 километри од местото на кое се одржа митингот на Трамп.

Новинар на „Би-би-си“ од Пенсилванија разговараше со менаџерот на смена во старечкиот дом во Бетел Парк. Му кажале дека Крукс работел во кујната таму. Старечкиот дом се наоѓа на кратко растојание од улицата каде што живеел Крукс.

Крукс бил регистриран републиканец, според списокот на регистарот на гласачи во Пенсилванија. Претстојните претседателски избори се  првите на кои би можел да гласа.

Податоците на Федералната изборна комисија покажуваат дека донатор по име Томас Крукс со истата адреса им дал 15 долари на политички активисти поврзани со демократите, наречен Проект за прогресивен одѕив, во јануари 2021 година.

Доцна синоќа, „Си-ен-ен“ го контактирале таткото на Крукс, Метрју Крукс Им кажал дека се обидува да обидува да сфати што се случува и дека ќе разговара со властите пред да зборува јавно за неговиот син.

„Асошиејтед прес“ денес откри дека пушката која се користела за атентатот на Трамп, АР-15, ја купил таткото на Крукс, пред најмалку шест месеци.

Американските медиуми објавуваат дека ова оружје може да се купи онлајн во САД за околу 1000 долари. Пушката АР-15 е користена во неколку масовни престрелки во САД и според објавите, ја има еден од дваесет Американци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK