Гаши го осуди обидот за атентат на Трамп и го оцени како обид за напад кон демократијата

afrim-gashi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во објава на социјалните мрежи го осуди обидот за атантат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.


„Обидот за атентат врз кандидатот за претседател Трамп, е напад кон демократијата и е осуден од сите нас кои веруваме во вредностите на демократскиот плурализам. На поранешниот претседател Трамп му посакувам брзо закрепнување, уверен дека САД имаат доволно сила да го надминат овој инцидент за да продолжат да бидат знаме на демократијата во светот“, стои во објавата на „Фејсбук“ на Гаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK