За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

pepellishte-pozar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.



Во моментот активни се осум пожари низ територијата на државата: кај Неготино во атарот на селото Кањалево, Ново Село, на Огражден, Гевгелија -кон Кожуф, Прилепско, с. Црнилиште, Штипско меѓу селата Драгоево и Селце, Конче с.Горно И Долно Лаповиќ, општина Велес с.Јаболчиште и општина Штип помеѓу с.Драгово и Селце.

Дел од силите се се уште на терен, но како што паѓа ноќта се повлекуваат, а некаде според процена на пожарникарите ќе се остават дежурни екипи превентивно.

Последните два извештаја пристигнати во ЦУК, вечерва во моментот, се за пожарите во Општина Конче и за Општина Гевгелија.

При пожарот на отворен простор кај селата Горни и Долни Липовиќ Општина Конче, гори сува трева, грмушки , прнар, ниско стеблеста шума, бор и друга вегетација. Интервенирале: ТППЕ Радовиш 10 пожарникари, 2 пп возила, доброволци 20, Доброволно ПП друштво (ДПД) „Гори’ 6. Дел од пожарот е локализиран, а дел сеуште е активен. Екипите ќе се повлечат а интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека за утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиони, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско.

Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец, Општина Гевгелија, е локализиран и е под контрола. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Гевгелија со 5 пожарникари и 15 од ЈП МШ ПШС Кожув. Интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK