Најмалку 22 лица загинаа во централна Нигерија откако се урна училишна зграда за време на наставата, соопштија вчера локалните власти.
Според официјални извори, околу 130 лица се згрижени во блиските болници, а најголем дел од жртвите се ученици и вработени во училиштето.
Зградата е дел од средното училиште „Сент Академија“ во градот Џос и се урна за време на часовите, рече Муса Ибрахим Ашомс, офицер за информации и комуникации за Централната држава Плато.
Бројот на жртвите може да се зголеми, а се верува дека во урнатиот дел од зградата имало околу 200 студенти. Спасувачите бараа преживеани во урнатините.
Двокатната зграда се урна по еден ден обилен дожд во регионот. Покрената е истрага за точните причини за уривањето.
Во последниве години, во Нигерија се случија неколку големи уривања на згради, што резултираше со многу жртви, често поради лоша градба, употреба на неквалитетни материјали и корупција.