Четворица малолетници биле пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје.
Тинејџерите биле пренесени на лекување на Клиниката за Токсикологија.
Малолетните лица биле на возраст меѓу 14 и 17 години, две од нив биле машки а две женски лица и биле со пореметена свест.
Според лекарите на малолетниците им била пружена им е помош и земени се одредени клинички иследувања и две од децата се стабилизирани а две се со потешка клиничка слика.
И од МВР со потврда за информацијата.. Според полицијата, нивните службеници на терен затекнале двајца од четворицата во безсознание, како и алкохол и психотропни супстанци.
Полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и притоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.