Евростат: Речиси десет проценти од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат пристоен оброк секој втор ден

Ishrana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Минатата година 9,5 отсто од граѓаните на Европската унија не можеле да си дозволат оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 отсто повеќе отколку во 2022 година, објави денеска Евростат.

Како што покажува истражувањето, лани уделот на граѓаните на Европската унија кои биле во ризик од сиромаштија изнесувал 22,3 отсто, што е за 2,6 отсто повеќе во споредба со 2022 година.

Најголем дел од граѓаните кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка со 45,7 отсто, потоа Унгарија со 44,9 отсто и Бугарија со 40,2 отсто. За разлика од нив, најмал удел на горенаведените граѓани е регистриран во Ирска од 4,2 отсто, потоа пет отсто во Кипар и 5,9 отсто во Португалија, пренесува Танјуг.

Способноста да се дозволи оброк со месо, риба или вегетаријански еквивалент секој втор ден е една од ставките што ги анализира Евростат за да се донесе заклучок за стапката на материјална и социјална немаштија во Европската унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK