Голманот на Челси, Кепа Аризабалага ова лето нема да замине во ниту еден од саудиските клубови, објавија шпанските медиуми.
Договорот на 29-годишниот шпански голман со Челси истекува договорот следното лето, но клубот ќе се обиде да го продаде во летниот преоден рок.
Аризабалага минатата сезона ја мина на позајмица во Реал Мадрид, каде беше доведен на местото на повредениот Тибо Куртоа, но го загуби местото на голот по добрите настапи на Андриј Лунин.
Украинскиот голман се согласи на повеќегодишен договор со Реал, но договорот не е потпишан, откако му беше кажано дека тој ќе му биде резерва на Куртоа.
Доколку Лунин замине, Реал ќе се обиде да потпише договор со Аризабалага, објави Марка.
Шпанскиот голман би сакал да се врати во Реал и затоа ја одбил понудата на Ал Итихад, во случај „кралскиот клуб“ да му понуди договор.
Марка, објави дека Челси нема да бара многу пари за Аризабалага, бидејќи сака да се „ослободи“ од неговата плата од осум милиони евра.