(Видео) Исмаил: Струјата нема да поевтини, профитот на Мицкоски ќе се зголеми

ismail.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со зголемено производство, нема да поевтини струјата, ќе се зголеми профитот на сопствениците на хидроцентралите, а хидроцентралите се во рацете на Мицкоски – ова го истакна пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, во својата реплика по однос на измените во Законот за енергетика.



– Значи, не е работата дека струјата ќе поевтини ако производството се зголеми! Производството ќе го зголемат само профитот на тие што ги имаат средствата за производство, а тоа е вашиот претседател, Христијан Мицковски, којшто е премиер на државата. Хидроцентралите се во негова рака – појасни Исмаил.

Реплицирајќи, Исмаил го истакна покачувањето на струјата.

– Колега Бојан… или како и да се викаше, извини, не те запамтив! Кога зборуваш за супстанците, треба малку да се засрамиш!
Кога некој друг зборува на оваа говорница, само да може камерата да ги фати вашите колеги какви гримаси прават тука кога зборуваме и тогаш да зборуваш за супстанци. А, изгледа, не ти кажале тебе во штаб дека струјата поскапе, а не дека се намали – поентираше Исмаил, пратеник од Левица и потпретседател на Партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK