Литванецот Григонис, потпиша нов договор со Панатинаикос

grigors.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Литванскиот кошаркар Мариус Григонис потпиша нов тригодишен договор со Панатинаикос, соопштија од клубот од Атина.

Григонис (30) е во Панатинаикос од 2022 година.

Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 9,1 поен, 2,7 скока и 1,3 асистенции по натпревар и со тоа му помогна на клубот од Атина да ја добие седмата европска шампионска титула.

Литванскиот кошаркар во својата кариера настапуваше за Жалгирис, Пењас, Манреса, Тенерифе, Алба и ЦСКА Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK