Менувањето на презимето му го „спаси животот“ на Пикфорд

PIK-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малку е познато дека еден од хероите на англиската репрезентација на ЕП, Џордан Пикфорд се презиваше Пигфорд.


Јасно е како ризикуваше да помине низ животот од основното и средното образование само поради презиме што го има зборот „свиња“.

Тоа го знаел и неговиот татко, кој го доживеал сето тоа, па не дозволил и неговиот наследник да помине низ истото.

Таткото на Пикфорд на рана возраст го сменил презимето на Џордан, па оттогаш Џордан живеел како Пикфорд, наместо Пигфорд.

Таткото ја остави суетата на страна, и го направи најдоброто за својот син. Така е „роден“ Џордан Пикфорд.

Со различно презиме, сосема незабележително од „оригиналот“, Пикфорд не беше на мета на подли деца. Можеше мирно да биде дел од кој било колектив без страв дека ќе го задеваат.

Во меѓувреме почна да тренира фудбал, брзо реши да биде голман, а другото е историја.

Пикфорд е чувар на мрежата на репрезентацијата, која вторпат по ред се пласираше во финалето на Европското првенство.

Само оние кои доживеале дискриминација по име или презиме или поради некоја друга банална причина, знаат колку Пигфорд постариот направил за својот син со тоа што навреме го сменил презимето и го лишил од детската траума.

Џордан е еден од најважните адути на Саутгејт за освојување на ЕП 2024

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK