На партиски состанок, политичката партија ЗНАМ, ги утврди кандидатите за двајца заменици министри во Владата, во министерствата за дигитална трансформација и за енергетика и рударство.
Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, соопшти дека Централниот одбор едногласно одлучил да ги назначи Мирослав Лабудовиќ за заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини и Радослав Настасијевиќ Варџиски за заменик министер за дигитална трансформација.
Радослав Настасијевиќ Варџиски важи за најбллизок соработник на лидерот на ЗНАМ, и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а воедно е и негов сосед од младоста.