(Видео) Индискиот премиер кај Путин за Украина: „Кога се убиваат невини деца, срцето крвари“

modi-putin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индискиот премиер Нарендра Моди деновиве ги посети Русија и неговиот колега Владимир Путин. Тој ја започна посетата во понеделникот, само неколку часа откако руските напади врз Украина убија 41 лице, вклучително и деца, кога проектил погоди детска болница во Киев.



„Како пријател, му кажав дека за посветла иднина на нашите идни генерации, мирот е од најголема важност“, рече Моди во присуство на Путин. „Решенија не се можни на бојното поле. Помеѓу пушки, куршуми и бомби, мировните преговори не можат да бидат успешни. Мораме да го најдеме патот до мирот само преку дијалог“, рече тој, пренесува Гардијан.

„Без разлика дали се работи за војна, конфликт или терористички напад, секој човек кој верува во човештвото е повреден од загубата на животи“, предупреди Моди понатаму.

„Кога се убиваат невини деца, срцето крвари и таа болка е многу застрашувачка“, продолжи тој.

Откако Моди сподели фотографија на која се гушка со Путин на мрежата Х на почетокот на неговата посета во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на социјалните мрежи дека е „огромно разочарување и катастрофален удар за мировните напори во Украина што лидерот на најголемата светска демократија го прегрна најкрвавиот криминалец во светот на таков ден во Москва“.

Американскиот Стејт департмент во понеделникот соопшти дека изразиле загриженост до Индија за нејзините односи со Русија.

Индија е сè поважен партнер за Русија и економски и дипломатски. Во својот говор пред Моди, Путин истакна дека двете земји имаат „посебно привилегирано стратешко партнерство“ и му се заблагодари на индискиот премиер за неговите напори за мирно решавање на војната во Украина.

„Ви благодарам за вниманието што го посветувате на најитните проблеми, вклучително и напорите за решавање на украинската криза, се разбира, првенствено со мирни средства“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK