Илјадници луѓе пристигнаа во Сребреница, се јави и Додик

srebrenica4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илјадници луѓе пристигнаа во Сребреница со цел да учествуваат на комеморацијата на 29-годишнината од геноцидот извршен врз Бошњаците во 1995 година, а беше најавена од бројни политичари и претставници на меѓународната заедница.


Пред комеморацијата во Сребреница, Гати Сантана рече дека Преостанатиот механизам за меѓународните кривични судови (МИКТ), наследникот на Хашкиот трибунал, ќе продолжи со својата работа најмалку во следните две години со цел да му помогне на судството во Босна и Херцеговина во процесуирање на преостанатите случаи на воени злосторства.

„Ние сме далеку од затворање на вратите на механизмот. Тоа зависи од одлуката на Советот за безбедност на ОН“, рече таа.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и МИКТ заедно со судовите во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија досега осудиле вкупно 54 лица за воени злосторства во Сребреница, вклучително и геноцид, и ги осудиле на 781 година во затвор.

Само за геноцидот во Сребреница беа осудени седум лица, меѓу кои и воените водачи на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, кои беа осудени на доживотен затвор.

Други 11 членови на војската или полицијата на босанските Срби или српските структури беа осудени на затворски казни за други злосторства во Сребреница, како што се злосторства против човештвото. По комеморацијата во четврток, во Сребреница ќе бидат погребани посмртните останки на уште 14 жртви на геноцидот.

Во четвртокот, лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, изрази солидарност со членовите на семејствата на жртвите.

„Денес, на 29-годишнината од страшното злосторство, светот колективно се сеќава на болката и жртвите на Сребреница. Нека споменот на геноцидот во Сребреница и сите одземени невини животи биде трајна обврска за одржување на мирот, но и предупредување вакво зло никогаш повеќе да не се повтори.“ објави Човиќ на платформата Х.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик испрати порака со сочувство, додавајќи дека односот кон овој ден треба да покаже посветеност на мирот, стабилноста и подобрата иднина во Босна и Херцеговина.

„Како што изразив жалење за настраданите Срби, изразувам сочувство до семејствата на бошњаците“, рече Додик на Х.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK