(Видео) Кларк: „Вучиќ сака да го земе барем северниот дел на Косово, да ја разбие БиХ и да формира Голема Србија“

Screenshot-2024-07-10-103937.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк и косовскиот премиер Албин Курти гостуваа во програмата на Си-Ен-Ен.


Во изјава за медиумот Кларк вели: „Вучиќ сака да го окупира барем северниот дел на Косово, а можеби и повеќе, и да ја разбие Босна и Херцеговина и да формира Голема Србија. Ако кикснеме во Украина, таа неволја ќе се врати токму на Балканот“, пренесува „Слободна Босна“.

Кларк додава дека „Србија е руска рака на Балканот“.

„Србија им служи на руските интереси. Сега, претседателот Вучиќ е паметен. Се претставува како да игра на двете страни, но кога ќе дојде време ќе го направи она што Путин го бара од него“, тврди генералот Кларк, пренесува „Радио Сараево“.

Косовскиот премиер Курти предупредува:

„Нашиот северен сосед е многу агресивен кон Косово. Србија има 48 напредни оперативни бази околу границата, кои чекаат нова можност. Кремљ и Белград историски, политички и оперативно се имитираат еден со друг“, рече тој, пишуваат медиумите во соседството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK