Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов извести дека МВР испраќа дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата Вардариште од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се шири остар и неподнослив мирис.
Според информациите од скопската противпожарна бригада, пожарникарите го изгаснале оганот, но некаде на средината на депонијата на место кое во моментов е непристапно за нив се уште има чадење, додава Ангелов.