Пожар утрово избувна во шумска област на грчкиот остров Хиос, а во гаснењето се вклучени 40 пожарникари со 10 возила, два авиони и два хеликоптери.
Според достапните информации, пожарот се шири кон областа Папалија, на источната страна на островот, пренесува Катимерини.
Порталот наведува дека островите во северниот дел на Егејското Море во моментов се под многу висок ризик од пожар.