Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли наводите на Киев за намерен напад на руските сили врз цивилни цели, нагласувајќи дека групниот напад врз воени цели во Украина е одговор на обидот на Киев да ги оштети руските енергетски и економски капацитети.
Во соопштението беше посочено дека руските сили извршиле напад со оружје од долг дострел врз објектите на украинската воена индустрија и воздухопловната база на Вооружените сили на Украина, пренесува РИА Новости.
Руското министерство соопшти дека фотографиите и видеата од Киев покажуваат дека уништувањето е предизвикано од падот на украинската ракета за воздушна одбрана лансирана од противвоздушен ракетен систем во градот.