Меџити на средба со пензионерите говореше за двете фази од покачувањето на пензиите: првата започнува од септември

izet-medziti-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот Фатмир Лимани, пратеникот Беким Сали и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу се сретнаа со пензионерите за да ги информираат за зголемувањето на пензиите од 5.000. денари.



На средбата министерот Меџити говореше за двете фази од покачувањето на пензиите, за кои Владата одлучи на 28-и минатиот месец. Првата фаза од покачувањето на пензиите започнува од септември годинава, додека зголемувањето од +2.500 денари продолжува во март месец следната година.

Исто така, министерот Меџити им вети на пензионерите дека ова нема да биде се, Владата континуирано ќе се заложи да работи за доброто на граѓаните.

„За разлика од претходната Влада, оваа Влада ќе биде фокусирана на економијата бидејки основата за да се обезбеди развој и благосостојба на граѓаните е добра и стабилна економија“, рече министерот Меџити.

Подобрувањето на животниот стандард на пензионерите и не само, е приоритет на Владата. Ова беше важен чекор за благосостојбата на пензионерите и за поддршка на куповната моќ во економијата, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK