(Видео) Лефков: Филипче сакаше да ја остави државата без јавно здравство, а Фрчкоски трошеше пари без отчет

Lefkov-jpg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со тие партии. Венко Филипче кој ја води СДС и Љубомир Фрчкоски кој нема отчет како ги трошел народните пари се пример зошто СДС изгуби катастрофално, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Ако Љубомир Фрчкоски нема отчет како ги трошел парите на мисијата, вели лефков, Венко Филипче не сака воопшто да има потреба од давање отчет и има на план да го приватизира здравството во целост.

„Венко Филипче пред заминување од функцијата министер за здравство јавно кажа дека размислува државата да не инвестира во здравствена инфраструктура и да не плаќа за истата, туку да плаќа само услуга.

Филипче јасно и стави до знаење на јавноста дека сака да ги приватизира болниците, и да не гради нови, туку тоа да го прават приватни фирми, а државата да им плаќа на истите за лечење на пациентите.

Дали Филипче дојде на местото претседател на СДС со надеж некогаш во иднина да се обиде повторно да го реализира својот план и да ја остави државата без јавно здравство?“, прашува Лефков.

Додава дека по истиот принцип по кој се однесува Филипче, се однесувал и Фрчкоски.

„Тоа е матрицата на СДС и грдото лице на власта на СДС и ДУИ.

Со СДС и ДУИ имаше помалку за народот и државата, а повеќе за мафијата. Тоа време заврши. Тоа време веќе не смее да се повтори“, потенцира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK