Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Австралиецот Алексеј Попирин со 3:1, по сетови 4:6, 6:3, 6:4 и 7:6 (7:3) и се пласираше во осминафиналето на Вимблдон.
Попирин му пружи одличен отпор на Ѓоковиќ, но тој не успеа да го загрози пласманот на вториот светски тенисер во следната фаза, иако го доби првиот сет и сервираше на високо ниво во текот на целиот меч.
Двајцата тенисери одлично сервираат на почетокот на мечот кој го одбележаа кратки размени и брзи игри.
Попирин се трудеше да не влезе во долги размени со Ѓоковиќ во кои немаше шанси и се потпираше на неговиот сервис – убедливо најдобриот дел од неговата игра.
Така се играше до седмиот гем, кога Попирин го искористи падот на концентрацијата на Ѓоковиќ и ја искористи првата брејк топка.
Тој ја одржуваше предноста до крајот на сетот и поведе во сетовите непосредно пред почетокот на дождот, поради што мораше да се затвори покривот на паузата меѓу сетови.
После тоа Попирин имаше шанса во третиот гем од вториот сет да стигне до нов брејк, но Ѓоковиќ избега со асови, по што го одигра натпреварот без грешка.
Веќе во следниот гем му го одзеде сервисот на противникот, и до крајот на вториот сет но и на мечот не му даде можност да се врати.