Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло премина од Галатасарај во Аталанта на едногодишна позајмица, потврдија на социјалните мрежи од клубот од Бергамо.
Офанзивниот играч за врска пристигна на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
Заниоло претходната сезона ја мина на позајмица во Астон Вила за која одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.
25-годишниот фудбалер во досегашната кариера настапуваше за Виртус Ентела, Интер и Рома, а од минатата година е член на Галатасарај.