Непознати разбојници разнеле банкомат во загрепски Бузин. Полицијата го блокирала патот.
– Утрово поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта – изјавил за 24сата.хр жител на Загреб.
Станува збор за банкомат кој се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа на аголот на авенијата Вечеслава Хољевац и улицата Бани.
Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила.
Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат.