Вреди: На ДУИ им се плаче што ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење

vredi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на ФЗО во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижи за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор, велат од коалицијата Вреди.


Со други зборови, како што велат од Вреди, им се плаче што ги напуштаат институциите, ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење.

„Вреди нема да дозволи да се манипулира со креирање лажна перцепција за наводно институционално понижување на Албанците. Наместо да се служат со подбуцнување ДУИ нека и одговори на јавноста зошто му понудија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да влезат наместо Вреди во неговата Влада со само 4 министерства, без претседател на Собрание и со ветување дека ќе му одработат на локалните избори во 2025 неговите кандидати за градоначалници да победат во Кичево и Струга?“, велат од Вреди.

Додаваат дека е време за вистината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK