(Видео) Трамп во приватен разговор: Бајден ја напушта трката, ја имаме патетичната Камала

bajden-tramp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На социјалните мрежи се појави видео од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој во приватен разговор одржан на теренот за голф тврди дека неговиот ривал, демократскиот кандидат Џозеф Бајден, ќе ја напушти претседателската трка поради лошиот настап на минатонеделната дебата.



Во видеото, Трамп ја опишува потпретседателката Камала Харис како „лоша“.

„Тој (Бајден) само што поднесе оставка. Тој ја напушта (претседателската) трка, а тоа значи дека ја имаме Камала (Харис). Мислам дека таа ќе биде подобра, таа е толку патетична, толку е лоша, кажал Трамп од количката за голф во клипот, пренесува „Sky News“.

Според одделни анкети спроведени од „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“, Трамп има поголеми шанси за победа од Бајден.

Врз основа на истражувањето на „Њујорк Тајмс“, спроведено меѓу регистрираните гласачи кои се очекува да излезат на гласање на 5 ноември, 49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, а 43 отсто за Бајден.

Бајден треба официјално да биде номиниран во август, а единствениот начин да биде сменет е самиот да си поднесе оставка, што тој негираше дека ќе го стори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK