Москва: Ќе одговориме на агресивната политика на Финска и НАТО

677z381_9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Москва ќе ги преземе неопходните мерки, вклучително и воено-технички, како одговор на агресивната политика на Хелсинки и нејзините сојузници во НАТО, изјави заменик портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Андреј Насташин.


„Русија нема да го остави неодговорено зголемувањето на воениот потенцијал на НАТО на нашата граница, што ја загрозува безбедноста на Русија. Ќе ги преземеме и неопходните мерки, вклучително и воено-техничките, за да се спротивставиме на агресивните одлуки на Финска, како и на нејзините сојузници во НАТО“, рече тој на прес-конференцијата.

Претходно финскиот парламент одобри воен договор со Соединетите Американски Држави.

Според овој договор, Финска ја отвора вратата за 15 воени објекти кои ќе можат да ги користат американските војници. Меѓу другото, во Финска може да биде испратена и американска воена опрема. Договорот создава основа за постојано воено присуство на САД во Финска, пренесува Спутник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK