Во руски напад со проектили и беспилотни летала врз украинскиот град Днипро во средата загинаа четворица цивили, а 27 беа ранети, оштетени се градинки, училишта и болници, а предизвикаа и пожари низ градот, соопштија регионалните власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели драматично видео од ракетниот напад врз Днипро.
„Утрото не беше добро за нас. Непријателот изврши комбиниран напад врз нашиот град“, рече Серхиј Лисак, гувернер на околниот регион Дњепропетровск, во видео објавено на Телеграм.
Russian terrorist attack struck Dnipro this morning. Four civilians have been killed, and 27 injured, with two in critical condition. pic.twitter.com/GWYpzqVFjs
— Iryna Voichuk (@IrynaVoichuk) July 3, 2024
Од повредените 11 се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба, рече тој.
Лисак објави фотографии од работниците на итната помош како отстрануваат скршено стакло и го гаснат пожарот.
Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили ја гаѓале областа Дњепропетровск со седум проектили и пет беспилотни летала Шехид.
Противвоздушната одбрана успеала да собори пет проектили и сите беспилотни летала, се наведува.
Градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, прогласи ден на жалост за четврток. Тој рече дека се оштетени две училишта и три градинки.
Фрагменти од проектил паднале врз детската болница, а оштетени се уште две болнички згради. Оштетени се и деловни згради, соопштија властите.
Русија во последните месеци ги засили воздушните напади врз украинските градови.
Москва негира дека цели на цивили, иако илјадници се убиени откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.