Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски поднесе оставка од функцијата.
Деспотовски објасни дека неговиот мандат истекува во декемрви, но свесен е за новата политичка реалност.
Додава дека она што кулминирало деновиве бара негов целосен ангажман.
Деспотовски беше еден од предлозите за нов претседател на СДСМ, но на внатрепартиските избори што се одржаа викендов беше поразен од ексминистерот за здравство, Венко Филипче.
На чело на ТИРЗ, Деспотовски застана на крајот на 2020 година.