ЦУК: Извлечена e екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

brza-pomos.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кислеа Вода.


Од таму додаваат дека лицата имаат повреди.

Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Иако според првичната информација беше наведено дека заедно со екипата бил и пациент, подоцна ЦУК соопшти дека во лифтот немало пациент, туку екипата на Брзата помош била во зградата на констатација на смрт.

„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.
Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Лицата се извлечени и имаат повреди“, се појаснува во информацијата од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK