Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Минхен за да ги бодри играчите на Србија против Данска, потврдија за Танјуг.
Ѓоковиќ во решавачкиот меч на „орлите“ за пласман во нокаут фазата дојде директно од Лондон, каде што почна да тренира претходните денови во обид да се подготви за настап на Вимблдон.
Натпреварот меѓу Данска и Србија во третото коло од групата Ц на Европското првенство се игра од 21 часот во Минхен.