Флорида Пантерс прв пат во историјата го освоија Стенли Купот. Пантерс не дозволија да станат вториот тим во историјата кој загубил водство од 3-0 во финалната серија. На домашен терен, мајсторката против Едмонтон Ојлерс ја добија со 2:1.
Пантерс го отворија резултатот во третата минута, стрелец беше Картер Верхеге. Овој играч му асистираше на Сем Рајнхарт, кој го постигна голот за победа, откако Охлерс изедначија преку Матијас Јанмарк.
Gonna watch Reino’s Stanley Cup Final-winning goal on repeat 🔁 pic.twitter.com/yZqiUfm7H0
— Florida Panthers (@FlaPanthers) June 25, 2024
Иако Едмонтон загуби, МВП на финалната серија е Конор Мек Дејвид. Тој е шестиот МВП во историјата на НХЛ кој не доаѓа од редовите на шампионите, а прв од 2003 година.