Гаши на Меѓународниот ден на бегалците: Горд сум што државата покажува голема емпатија

Screenshot-2024-06-24-145921.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието, во соработка со УНХЦР, го одбележа Светскиот ден на бегалците – 20 јуни, со пригоден настан што го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши.


Во своето воведно обраќање, Гаши истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите Нации, но и цели три децении од формирањето на Канцеларијата на Високиот комесар за правата на бегалците во нашата држава.

Во таа насока, Гаши истакна дека законодавниот дом секогаш ќе биде отворен и ќе има позитивен пристап за сите иницијативи кои значат унапредување на човековите права и подобрување на условите за живот, но и на можностите за развој на сите оние кои поради одредени причини, се нашле во таква незавидна ситуација, да бидат луѓе без дом, без огниште, далеку од сопствената татковина.

„Особено сум горд што државата покажува голема емпатија“, рече тој.

Според Гаши, демократскиот свет има обврска да не дозволи бегалците, бегајќи од суровоста на војната, суровоста на конфликтите, на меѓуетничката, верска или каква било друга форма на нетрпеливост да го изгубат достоинството, да ги изгубат основните човекови права, како што се образованието, здравствената заштита, социјалната сигурност.

Претседателот на Собранието нагласи дека во изминатиов период, благодарение на интензивната соработка на Собранието со УНХЦР, преку измените на Законот за матична евиденција и Законот за странци и нивна практична имплементација, се реши ситуацијата со лицата без државјанство, со што се надмина проблемот за над 700 граѓани.

Претставникот на УНХЦР во Република Северна Македонија, Габриел Гуалано де Годој, ја пофали работата на Собранието, но и на државните институции во целина за надминување на проблемот за лиицата без државјанство, но упати и посебна благодарност за пристапот на земјата кон бегалците од Украина. Потоа следеше дискусија „Навигација низ законодавните предизвици и перспективи: Улогата на Парламентот во градењето стратегии за ефикасни системи за азил и засилена поддршка барателите на азил и бегалците“, на која учествуваа пратеници од Собранието на Република Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK