Таравари започна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“

Алијанса-за-Албанците-нема-да-оди-на-листа-со-ДУИ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот министер за здравство Арбен Таравари, најави дека започнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и декапостапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.



Таравари очекува за два месеци повеќе да нема економски директори.

„Денеска ќе бидат разрешени 7-8 директори од вкупно 14, односно оние на кои им е истечен мандатот за в.д. директор. Како ќе им истекува мандатот в.д. и останатите ќе бидат разрешни. Имаме и директори кои се со решение и за нив ќе треба да се направат законски измени. Но, јас очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“, рече Таравари при ги посетата на хируршките сали на Kлиниката за ТОАРИЛУЦ.

Таравари најави дека како министер ќе се зафати прво со овој проблем.

„При денешната посета ми беше кажано дека во одредени хируршки сали нема мирис, а во одредени има. Јас очекувам да добијам извештај од досегашните испитувања и да видиме како најбрзо да го решиме овој проблем. Ми требаат неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме со решавање на проблемот со отварање на нова набавка и инсталирање на комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи. Се надевам дека до петок ќе имаме одлука“, изјави Таравари.

Тој потврди дека на Клиниката за кардиохирургија на директорското место е вратен доктор Марјан Шокаровски, кој беше разрешен од претходниот министер Илир Демири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK