Европската унија го усвои 14 пакет санкции против Русија

195659_16102019briselzastave_f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија го усвои 14-тиот пакет санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, која започна во февруари 2022 година, објави Европскиот совет.


„Денеска Советот го усвои 14-тиот пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки кои задаваат дополнителен удар на режимот на Владимир Путин и на оние кои ја одржуваат неговата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, санкциите ќе ги погодат високовредните сектори на руската економија како што се енергијата, финансиите и трговијата и ќе го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ.

Пакетот вклучува рестриктивни мерки за дополнителни 116 поединци и субјекти „одговорни за дејствија кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“.

Европската унија воведе забрана за европските банки надвор од Русија да го користат SPFS (Систем за финансиски пораки), кој е руски еквивалент на SWIFT, за размена на финансиски пораки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK