Кандидат за шеф на Интерпол осомничен за киднапирање и обид за изнуда на двајца бизнисмени

interpol.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за следен шеф на Интерпол, Мубит Нава од Замбија е обвинет за вмешаност во киднапирање, приведување, напад и обид за изнуда на двајца индиски бизнисмени.


Адвокатите Винод и Удит Саду му пишаа на Интерпол велејќи дека наводите против Мубита Нава, заменик полициски комесар на Замбија, укажуваат на тоа дека тој е „очигледно неподобен“ да биде следниот генерален секретар на организацијата, пишува Гардијан.

Нава, кој е поддржан од земјите членки на Африканската унија, е еден од четворицата кои се најдоа во потесниот избор за позицијата лидер на Интерпол, а се очекува наскоро да биде објавено кој ќе ја преземе таа улога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK