Популарно е видеото на социјалните мрежи од принцот Вилијам каде може да се види како танцува на концертот на музичката ѕвезда, Тејлор Свифт во Лондон, на песната „Shake It Off“.
@kkinldn Shake it off Prince William #princewilliam #erastourtaylorswift #erastour #whiteclawuk ♬ original sound – KK
Принцот на тој начин го прослави својот 42-ри роденден, заедно со неговите деца Џорџ и Шарлот.
Кралското семејство потоа се фотографираше со пејачката.
Сопругата на Вилијам, принцезата Кејт, не беше со нив, но претходно јавно му го честита роденденот. Таа во март објави дека боледува од рак и ги откажа сите ангажмани до крајот на годината.