(Видео) Ставен под контрола пожарот во Кичево

pozar-gasnenje-mvr-helikopter-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево.



Хеликоптерот исфрли над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола, соопшти МВР.

Пожарот избувна на 17 јуни на местото викано „Рамнин“, во атарот на селото Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР, информираа од ЦУК.

Во текот на вчерачниот ден, Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот.

И покрај ваквите интервенции пожарот, во текот на вчерашниот ден не беше целосно изгаснат и постоеше опасност да навлезе во букова шума.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK