Баерн се договорил со Олисе, ќе преговара и за Чалханоглу

88163d92-f0f2-47e4-beba-f9f743a7e0a0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајкл Олисе (22) од Кристал Палас и Хакан Чалханоглу (30) од Интер во новата сезона би моѓеле да бидат соиграчи во Баерн Минхен. Наводно, Баварците ги договориле условите со Кростал Палас и Олисе, а допрва ќе преговартаа со Интер за Чалханоглу.


Дејвид Орнштајн, новинар на Атлетик, објави дека Олисе, го одбил Челси бидејќи преферирал трансфер во Минхен. Се шпекулира дека Баерн за Олисе ќе издвои 70 милиони евра.

Што се однесува до Чалханоглу, неговиот трансфер во Баерн го најавува турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу. Тој наведува дека Баерн и играчот се во контакт, дека Чалханоглу сака да се врати во Германија, но и дека Баерн се уште не доствил официјална понуда до Интер. Не е познато колку Интер бара за Чалханоглу. се шпекулира дека трансферот нема да биде помал од 50 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK