Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги осуди изјавите на портпаролот на израелската армија Даниел Хагари дека идеологијата и идејата на движењето Хамас не можат да се уништат.
Портпаролот на армијата, Даниел Хагари, вчера изјави дека приказната за уништувањето на Хамас „фрла прашина во очите на јавноста“, бидејќи нивната идеологија не може да се уништи.
Бригадниот генерал Хагари во интервју за израелскиот канал 13 изјави дека „израелската влада мора да најде алтернатива“ на Хамас во Појасот Газа, бидејќи во спротивно оваа терористичка организација „ќе остане“, објави i24news.