Жозе Мурињо пристигна во Фенербахче со цел да ја освои титулата, а прва мета му е познат играч на Манчестер Јунајтед.
Бројни извори објавија дека Мурињо лично го контактирал Виктор Линделоф и го сака Швеѓанецот во своја одбрана во Истанбул.
Интересно е што Мурињо беше тој што го доведе тогаш младиот дефанзивец од Бенфика летото 2017 година за 35 милиони евра.
Линделоф некако не ги оправда очекувањата иако во Манчестер е седум години и има 259 настапи.
Се очекува Јунајтед да направи големи промени во својот тим ова лето, па не е исклучено да го продаде Швеѓанецот во случај на вистинска понуда.
Исто така, самиот Линделоф повеќе не верува дека ќе има значајна минутажа и наводно е подготвен за нови предизвици.