Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

mickoski-2-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на една дебата и дискусија за враќање на цената на електричната енергија, односно да ја разгледаме и можноста дури и за намалување, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и иден премиер за време на денешната посета по повод почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со цената на струјата.


Мицкоски информираше дека следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го направи и намалувањето на цената на струјата.

„Имаме план, имаме начин како тоа во периодот што следи да го направиме така што граѓаните треба да бидат спокојни доаѓа влада која ќе се грижи за стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK