Општина Илинден и оваа година организира училиштен летен камп во македонските туристички центри за најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта. Дел од училиштниот летен камп имаат можност да бидат учениците кои во текот на учебната година постигнале високи резултати во делот на спортот, првенци на генерација, носители на награди од различни училишни натпревари.
Училиштен летен камп е уште еден реализиран проект кој е дел од Програмата за работа на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, како и дел од Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026 година, со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општината.
Општина Илинден ќе продолжи и во иднина да ги реализира проектите преку кои ќе дава поддршка на учениците од општинските основни училишта, велат од Општината.