Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада.
Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.
Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
Министер за образование и наука- Весна Јаневска
Министер за политички систем – Љупчо Димовски
Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ
Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата.
Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.