(ВИДЕО) Мицкоски: При изборот на решенија за состав на новата влада се водев од принципите за чесност, посветеност, да бидат луѓе кои ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели

2323131_Hristijan Mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувани претставници на медиумите,

Завршија седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се дискутираше за решенијата за идната влада која ќе ја предложам во Собранието на Македонија.


Јас од партиските тела добив мандат за преговори и за состав на новата влада и тие успешно завршија.

Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ, влада која има широка поддршка од електоратот повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија на 8-ми мај, и сигурен сум во 2/3 поддршка за определени законски решенија, реформски законски решенија кои што во периодот кој што следи ќе бидат донесени во македонското Собрание.

Морам да кажам дека при изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водев од принципите за чесност, и посветеност, да бидат луѓе кои ќе дадат голема енергија во процесите и целосно ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели. Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот.

Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а  потоа и брзи резултати.

Извршниот комитет предложи, а Централниот комитет едногласно го усвои предлогот за состав на новата влада, а ова се решенијата кои доаѓаат од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Заменик претседател на владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски, човек со долгогодишно политичко искуство. Пратеник во повеќе мандати и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на оваа позиција доаѓа со голема амбициозна задача за реализација на многу проекти кои што се од стратешко значење за државата, патно и инфраструктурно поврзување. Верувам во неговата посветеност и способност.

Министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајловски кој е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник, поранешен министер за транспорт и врски, со искуство во македонската дипломатија како поранешен државен секретар во МНР. Мисајловски активно работеше за исполнување на високите критериуми за членство во НАТО од таа позиција.

Министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска, човек со големо искуство од областа на финансиите, макроекономското работење. Која е мој соработник уште во периодот кога заедно работевме во ЕЛЕМ и која сум убеден дека ќе работи чесно и посветено, со многу енергија и голем професионализам.

Прелог за министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде Тимчо Муцунски, актуелен професор на Правниот факултет, но и градоначалник на општина Аеродром. Поранешен пратеник и заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски има богато искуство на меѓународните односи, бил меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, негова задача ќе биде промоција на стратешките цели на Македонија на меѓународен план, како и привлекување на инвестиции и поврзување на македонските компании со потенцијални партнери и зголемување на надворешната трговија.

Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински, кој остваруваше во минатото повеќе државни и партиски функции. Во одреден период го водеше мојот кабинет, потоа беше директор на скопски Водовод каде за кус период оствари одлични резултати, а сега ќе ја има задачата за поддршка и развој на локалната самоуправа во државата.

Министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски кој беше и досегашен дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. Тој ќе има пред себе амбициозни проекти во областа на информатичкото општество кој ќе има задача да ги реализира, тоа се важни и суштински проекти со кои ќе имаме за цел нулта толеранција на криминалот и корупцијата, зголемување на транспарентноста и нешто што ќе биде мој фокус во годините ко следат да не ни се случува како до сега за неколку стотина денари да не се вади за стотина денари извод од матична книга на родени. Нашите граѓани денес сведочат на такви олеснувачи кои  се јавуваат од името на луѓето кои работат таму и за волја на вистината тие луѓе се успешни, дури и мои блиски луѓе таму тестираа јас бев изненаден колку брзо ги добија тие документи иако им беше кажано с месеци да чекаат зборувам за сума од максимум 500 денари ете толку чини срамот на тие луѓе, а за жал тоа е и срамот на цела Македонија.

Министер за спорт ќе биде Борко Ристовски, познат ракометар, со домашни и меѓународни успеси, човек кој гордо и достоинствено ја преставува Македонија како на репрезентативен така и на клубски план и сега ќе има можност лично да придонесува за развојот на македонскиот спорт.

Предлог министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновска која е актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, инаку експерт во енергетиката,  има огромно работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи.

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски човек кој има огромно искуство и речиси целиот свој работен век го посвети на земјоделието.

Предлог за министер за култура и туризам ќе биде познатиот актер Зоран Љутков, кој има блескава актерска кариера и врвни достигнувања во светот културата и се надевам на сериозен ангажман за промоција на културните вредности и поддршка за развој на туризмот, да не ми се налутат другите, но спортот и културата се најголеми промотори на идентитетот на еден народ и држава. Така што како и од едниот и од другиот и од сите останати очекувам многу работа.

Предлог за министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршуваше сосема успешно функцијата технички министер во ова министерство. Верувам во неговиот потенцијал и капацитет за остварување на резултати во борбата против корупцијата и криминалот и обезбедувањето на ред и поредок.

Предлог за министер за образование и наука ќе биде предложена професорката Весна Јаневска, која има богата научна кариера, политички ангажмани и досега успешно ја водеше Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски ќе биде нов заменик претседател на владата и министер одговорен за политички систем.

Иван Стоилковиќ претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија ќе биде исто така предлог за заменик претседател на владата и министер  кој ќе биде раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците,

Шабан Салиу кој ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декада на Роми.

Ова се 15-те предлози плус претседателот на владата се уште ги немам официјално добиено предлозите од коалиционите партнери кои се потенцијалните имиња претпоставувам дека тоа ќе се случи во текот на утрешниот ден бидејќи веќе во вторник заедно со програмата за работа на идната македонска влада предлогот ќе дојде во парламент и очекувам успешна реализација односно гласање на истата да заврши во текот на следниот викенд 22-23 јуни.

Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден. Веќе неколку работи уште непочнати што беа наша главна и основна цел и ветување во време на кампањата ги испорачавме но сега треба да испорачаме и проекти и решенија и да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот. Ова ќе биде влада за тебе, работа за сите вас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK