Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

siljanovska-davkova-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.

Почитуван  реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,


Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.

Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир.

Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна.

Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.

Честит Курбан Бајрам.

Гордана Сиљановска Давкова

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK