Тело на турист од Бугарија е пронајдено на албанските Алпи

г-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турист од Бугарија бил пронајден мртов откако се изгубил во близина на планината Језерце на албанските Алпи, објави Еуроњуз Албанија.



По добиената порака од друг бугарски турист кој изгубил контакт со починатиот, започната е копнена и воздушна потрага. Во операцијата бил употребен хеликоптер на вооружените сили.

По неколкучасовна потрага пронајдено е телото на бугарскиот турист.

Националната агенција „Цивилна заштита“ ги повикува туристите да бидат внимателни и да ги следат упатствата на специјализираните водичи за неистражени и опасни подрачја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK