Маж е убиен во центарот на Сараево, соопшти сараевската полиција.
Инцидентот се случил околу 16 часот и 50 минути на шеталиштето на Вилсон кога било употребено огнено оружје, јавува „Дневни аваз“.
„Во таа прилика е убиен еден маж, чија смрт на местото на настанот ја констатирал лекар на Заводот за итна медицинска помош. Мажот кој го употребил оружјето е под контрола на полицијата“, соопштија од полицијата.
Известен е дежурниот обвинител.