Лавров: Растот на БРИКС е показател за создавање мултиполарен свет

lavrov1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска изјави дека проширувањето на БРИКС е јасен показател за создавање мултиполарен свет и изјави дека БРИКС активно работи на развој на платформа за плаќања во национални валути.


„Во тек е активна работа за спроведување на одлуките од самитот во Јоханесбург минатата година, особено во однос на подобрувањето на меѓународниот монетарен и финансиски систем, развојот на платформа за порамнување во национални валути во меѓусебната трговија“, рече Лаворв на состанок на министрите за надворешни работи на членките на БРИКС во Нижни Новгород.

Тој посочи дека проширувањето на БРИКС е јасна потврда за процесот на создавање мултиполарен светски поредок, пренесува „Известија“.

Рускиот министер оцени дека неодамнешните меѓународни настани ги демаскирале оние кои до сега вербално тврделе за речиси ексклузивно право да ги дефинираат, како што наведе, таканаречените универзални вредности под превезот на поредок заснован на правила.

Според неговите зборови, САД и нивните сојузници не се откажуваат од обидите да ги задржат и забавуваат процесите на формирање мултиполарност, а како оружје ги користат економските инструменти. Лавров смета дека улогата на БРИКС во решавањето на глобалните проблеми само ќе зајакне и наведува дека се поголем број земји покажуваат интерес за работата на БРИКС.

БРИКС е основан во 2006 година, а негови членки беа Бразил, Русија, Индија и Кина, а подоцна се приклучи и Јужноафриканската Република. Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија се приклучија на БРИКС во 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK