Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 40-годишната А.А. од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана, која се обидела да ја внесе во Казнено – поправна установа Затвор Идризово при посета на својот сопруг – осуденик во установата, извести МВР.
„Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, а по целосно докуемнтрање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.